Porsche SkopjeПолитика за колачиња

Заштитата на вашата приватност при користењето на нашата веб-страница нам ни е особено важна. Поради тоа, подолу детално ве информираме за прибирањето лични и нелични податоци. Porsche Skopje има право да ги користи личните податоци како анонимни податоци почитувајќи ги подолу опишаните права на засегнатите лица во законски дозволениот обем. На оваа веб-страница, се применува софтвер за анализа на користењето. Со проценката на овие податоци, може да се добијат вредни сознанија за потребите на корисниците. Овие сознанија придонесуваат за дополнително подобрување на квалитетот на понудата. Поединечно за секое повикување, неограничено се меморира следниот сет податоци:
•    Анонимизирана форма на IP-адресата на компјутерот што повикува
•    Датум и време на повикувањето
•    Има на повиканата страница односно датотека
•    ID на сесија
•    Упатувачки URL (URL од каде што сте дошле на нашата веб-страница)
•    Пренесената количина податоци
•    Информации за производот и верзијата на користениот пребарувач
•    Оперативниот систем што корисникот го употребува