Porsche SkopjeЗаштита на податоците

ИЗЈАВА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

Ви благодариме за вашиот интерес за нашата компанија. Заштитата на вашата приватна сфера при користењето на нашата веб-страница (null) нам ни е особено важна. Поради тоа, подолу детално ќе ве информираме за обработката на личните податоци. Одговорен за заштитата на податоците на нашата веб-страница е Porsche Skopje. При користењето и обработката на личните податоци, Porsche Skopje строго се придржува до конкретно важечките законски одредби за заштита на податоци. Porsche Skopje има право да ги користи личните податоци како анонимни податоци почитувајќи ги подолу опишаните права на засегнатите лица и во законски предвидениот обем. 

Со оваа изјава за заштита на податоци, би сакале да ве информираме за начинот, обемот и целта на личните податоци што ние ги прибираме, користиме и обработуваме. Покрај тоа, со оваа изјава за заштита на податоци, на засегнатите лица им се појаснуваат правата што тие ги имаат. 

Оваа изјава за заштита на податоци важи само за (null) и за потстраниците што се поврзани со неа, но не за веб-страниците што се контролирани и управувани од трети лица. Ве молиме проверете ги изјавите за заштита на податоци на веб-страниците што се контролирани и управувани од трети лица, бидејќи тие веб-страници не подлежат на наша контрола и Porsche Skopje не е одговорно за нивната содржина и нивните мерки за заштита на податоци.