Новиот Porsche Taycan
Новиот Porsche Taycan
Новиот Porsche Taycan импресионира со реален опсег до 587 километриПрвичните тест возења на новиот Taycan помеѓу Лос Анџелес и Сан Диего покажаа дека новата генерација на електричниот спортски автомобил има вкупен опсег до 587 километри. Taycan на тој начин импресивно го покажа својот значително подобрен потенцијал на патување на долги растојанија.Porsche го лансира опширно ажурираниот Taycan. Новите моделски варијанти нудат повеќе опсег, како и пократки и поефикасни процеси на полнење. За време на тестот за опсег од Лос Анџелес до Сан Диего и назад, Taycan ја докажа својата подобрена ефикасност.
Целосно електричниот спортски автомобил помина 587 километри со едно полнење на батеријата на јавните патишта. „За особено ефикасниот спортски Taycan со големата батерија, овој практичен, последен тест резултираше со вкупен опсег до 587 километри“, вели потпретседателот за моделската линија Кевин Џек. „Одличен резултат. Тестот на опсегот во Јужна Калифорнија импресивно покажа колку е ефикасен новиот Taycan. Продолжуваме да се фокусираме на нашата „Fast Travel“ стратегија за електрична мобилност: кратки полнења во комбинација со голем реален досег благодарение на ефикасниот погон.“
Тестот на опсегот се вршеше во секојдневни услови. Дванаесет меѓународни претставници на медиумите возеа четири варијанти на Taycan во период од три дена на автопатот 405 и 5 помеѓу јужнокалифорниските метрополи на Лос Анџелес и Сан Диего. Тимовите возеа со максимална брзина од 120 километри на час според локалните прописи. Сите четири тест автомобили беа опремени со поголемата батерија Plus.
Возилата беа наполнети со електрична енергија на „Electrify America“ мрежата за полначи во Торанс/Лос Анџелес. Тука, Taycan демонстрирше над 300 kW моќ за полнење и успешно ја наполни батеријата од 10 до 80 отсто во неколку наврато за помалку од 20 минути. Перформансите на полнење, времето за полнење и времето потребно за започнување на полнењето, исто така се многу подобрени во однос на претходната верзија.
Porsche има произведено речиси 150.000 примери на Taycan од почетокот на производството. Новиот Taycan официјално ќе биде претставен во наредните денови.
Откријте повеќе вести
Volkswagen Tayron ја имаше својата македонска премиера
Nullam id dolor id nibh ultricies vehicula ut id elit. Sed posuere consectetur est at lobortis. Praesent commodo cursus magna, vel scelerisque nisl consectetur et. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.
Промоција на целосно новиот CUPRA Terramar во Македонија
Скопје, 4 март 2025 – Денес, во CUPRA Garage Порше Македонија официјално го претстави најновиот модел на брендот – CUPRA Terramar, кој за првпат влегува на македонскиот пазар. Со оваа премиера, CUPRA ја продолжува својата експанзија и го засилува своето присуство во најбрзо растечкиот SUV сегмент во Европа, но и во Македонија.
Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје
Автомобилските ентузијасти и претставниците на медиумите беа дел од извонредна вечер организирана од Porsche Center Skopje и Порше Македонија, на официјалното претставување на новиот Porsche 911. Настанот ја прослави еволуцијата на иконата, спојувајќи ги луксузот, иновациите и емоциите во ноќ за паметење.