Порше Скопје Новиот Porsche Taycan

Добродојдовте во нашиот Porsche центар / Porsche сервисен центар. Се радуваме што можеме да ве поздравиме и онлајн

  1. Порше Скопје
  2. Новиот Porsche Taycan
Новости Porsche

Новиот Porsche Taycan

Новиот Porsche Taycan импресионира со реален опсег до 587 километриПрвичните тест возења на новиот Taycan помеѓу Лос Анџелес и Сан Диего покажаа дека новата генерација на електричниот спортски автомобил има вкупен опсег до 587 километри. Taycan на тој начин импресивно го покажа својот значително подобрен потенцијал на патување на долги растојанија.

Layer 0 Open Corner

Porsche го лансира опширно ажурираниот Taycan. Новите моделски варијанти нудат повеќе опсег, како и пократки и поефикасни процеси на полнење. За време на тестот за опсег од Лос Анџелес до Сан Диего и назад, Taycan ја докажа својата подобрена ефикасност.


Целосно електричниот спортски автомобил помина 587 километри со едно полнење на батеријата на јавните патишта. „За особено ефикасниот спортски Taycan со големата батерија, овој практичен, последен тест резултираше со вкупен опсег до 587 километри“, вели потпретседателот за моделската линија Кевин Џек. „Одличен резултат. Тестот на опсегот во Јужна Калифорнија импресивно покажа колку е ефикасен новиот Taycan. Продолжуваме да се фокусираме на нашата „Fast Travel“ стратегија за електрична мобилност: кратки полнења во комбинација со голем реален досег благодарение на ефикасниот погон.“


Тестот на опсегот се вршеше во секојдневни услови. Дванаесет меѓународни претставници на медиумите возеа четири варијанти на Taycan во период од три дена на автопатот 405 и 5 помеѓу јужнокалифорниските метрополи на Лос Анџелес и Сан Диего. Тимовите возеа со максимална брзина од 120 километри на час според локалните прописи. Сите четири тест автомобили беа опремени со поголемата батерија Plus.


Возилата беа наполнети со електрична енергија на „Electrify America“ мрежата за полначи во Торанс/Лос Анџелес. Тука, Taycan демонстрирше над 300 kW моќ за полнење и успешно ја наполни батеријата од 10 до 80 отсто во неколку наврато за помалку од 20 минути. Перформансите на полнење, времето за полнење и времето потребно за започнување на полнењето, исто така се многу подобрени во однос на претходната верзија.


Porsche има произведено речиси 150.000 примери на Taycan од почетокот на производството. Новиот Taycan официјално ќе биде претставен во наредните денови.


2025_Taycan%20_Range_Test_DSC03576
2025_Taycan%20_Turbo_Cross_Turismo_Range_Test_DSC06262
2025_Taycan_RWD_Range_Test_DSC09681

Пријава на newsletter

Со пријавување на нашиот newsletter редовно ќе добивате информации, новости и ексклузивни понуди од нашите брендови.

Линк за грешка за feedback на newsletter

Одберете ословување

Линк за грешка при регистрација за feedback на newsletter

Госпоѓа Госпоѓа
Господин Господин
Sie müssen bitte der Datenschutzerklärung zustimmen Sie müssen bitte der Datenschutzerklärung zustimmen

Ви благодариме

Линк за потврда feedback на newsletter

Линк за потврда за feedback на newsletter