Порше Скопје Новиот Škoda Superb

Совршен пријател за сите патичта. Од мал градски автомобил па до голем бизнис модел и електрично иновативно возило, асортиманот на брендот SKODA покрива се. Најдете го својот совршен модел

  1. Порше Скопје
  2. Новиот Škoda Superb
SKODA новости

Новиот Škoda Superb

На македонскиот пазар пристигна целосно новиот Superb. Предводникот на Škoda влегува во новата генерација со уште поголеми димензии, паметно развиен изглед и широк спектар на нови технологии.

DSC_0066 Open Corner

Со избор од три модерни погонски варијанти и подобрена аеродинамика, тој е поефикасен од кога било. Линијата на погонски варијанти започнува со бензинскиот 1,5 TSI со блага хибридна технологија и моќност од 110 kW (150 КС), додека дизел моторите се достапни во две варијанти, со моќност од 110 kW (150 КС) и преден погон и со погон на сите тркала и моќност од 142 kW (193 КС). Новата, чиста и пространа внатрешност уште повеќе ги користи одржливите материјали и доаѓа со особено интуитивен концепт на контрола кој вклучува Škoda Smart Dials и ChatGPT.    


Надворешен дизајн со предни LED Matrix светла, нови модерни дизајнерски елементи и подобрена аеродинамика


Новиот Superb доаѓа со препознатлива, октагонална решетка на ладилникот и остро исцртани LED Matrix светла кои обезбедуваат уште повеќе светлина од нивните претходници и го вклучуваат новиот дизајнерски елемент Crystallinium. Задните LED светла со анимирани индикатори имаат функција Coming/Leaving Home и се стандардна опрема за Selection нивото на опрема. Други визуелни моменти се надворешните детали во Unique Dark Chrome, на пример логото на хаубата и буквите на задната врата. Елегантната каросерија нуди коефициент на отпор од cd 0,23, што е меѓу најдобрите остварувања во сегментот. Во споредба со претходникот, коефициентот на отпор е намален за 15 проценти.   


Нова внатрешност: 13-инчен дисплеј, чиста централна конзола и повеќе багажен простор


Внатрешноста на Superb се одликува со инфо-забавен дисплеј со димензии до 13 инчи и чиста централна конзола, бидејќи рачката на менувачот се префрли на воланот. Како опција за прв пат е достапен head-up дисплеј и Smart Dials на Škoda со кои контролирање на бројни функции на возилото  е многу поедноставено. Новитет се и Ergo седишта со десет пневматски контролирани перничиња за масажа на грбот. Новите дизајн пакети нудат можност за опремување на салонот на возилото со врвни материјали од црна или кафена кожа или сива алкантара. Со капацитет на багажниот простор од 645 литри, големината на багажникот на е зголемена за 20 литри во однос на претходникот.


Зголемена удобност и безбедност


Најновата генерација на динамичка контрола на шасијата (DCC Plus) е достапна кај Superb за прв пат и  ги комбинира удобноста и динамиката на возењето.  


Наследство: новиот Superb е подготвен да додаде ново поглавје во успешната приказна


Четвртата генерација на Superb треба да се надоврзе на успехот на своите претходници. Škoda ја понуди првата генерација на Superb во 2001 година и до сега повеќе од 1.600.000 Superb модели се испорачани на клиентите.


DSC_0009
DSC_0014
DSC_0027

Пријава на newsletter

Со пријавување на нашиот newsletter редовно ќе добивате информации, новости и ексклузивни понуди од нашите брендови.

Линк за грешка за feedback на newsletter

Одберете ословување

Линк за грешка при регистрација за feedback на newsletter

Госпоѓа Госпоѓа
Господин Господин
Sie müssen bitte der Datenschutzerklärung zustimmen Sie müssen bitte der Datenschutzerklärung zustimmen

Ви благодариме

Линк за потврда feedback на newsletter

Линк за потврда за feedback на newsletter