Новости
Добродојдовте во нашиот Porsche центар / Porsche сервисен центар. Се радуваме што можеме да ве поздравиме и онлајн
Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје
Автомобилските ентузијасти и претставниците на медиумите беа дел од извонредна вечер организирана од Porsche Center Skopje и Порше Македонија, на официјалното претставување на новиот Porsche 911. Настанот ја прослави еволуцијата на иконата, спојувајќи ги луксузот, иновациите и емоциите во ноќ за паметење.На церемонијата на официјалното претставување беше презентирана најновата генерација на легендарниот Porsche 911, во Carrera 4 GTS изведба, отелотворувајќи совршен спој на безвременски дизајн и врвна технологија. Гостите беа почестени со ексклузивен прв поглед кон возилото со официјалното откривање, по што следуваше инспиративна презентација за компанијата и брендот од страна на генералниот директор на Порше Македонија и менаџерот на брендот Porsche.
Говорниците го истакнаа наследството на 911 како симбол за перформанси и софистицираност, притоа споделувајќи увид во неговите револуционерни карактеристики кои го креираат духот на извонредноста на Porsche.
„Porsche 911 не е само автомобил - тоа е изјава за страст, иновација и врвна изработка. Вечерва, воодушевени сме да им го претставиме најновото поглавје од ова трајно наследство на нашите лојални клиенти и ентузијасти на брендот Porsche во Македонија“, изјави г-дин Златко Муцунски – Генерален Директор на Порше Македонија.
„Новиот Porsche 911 го претставува врвот на автомобилскиот инженеринг и елеганција. Ја доловува суштината на она што значи да се вози Porsche - неспоредливи перформанси, дизајн и емоции. Возбудени сме да го споделиме ова неверојатно возило со Вас и да го доближиме искуството на Porsche до нашата заедница“ – изјави г-дин Винко Марашевиќ – Porsche Бренд Менаџер.
По свеченото претставување, атмосферата се префрли во вечер на забава, за која задолжен беше светски познатиот диџеј Махмут Орхан. Неговиот наелектризиран сет совршено ја надополни позитивната енергија на вечерта, создавајќи незаборавно искуство за сите присутни.
Настанот ја одразува посветеноста на Porsche да испорача не само исклучителни возила, туку и моменти кои остануваат во долго сеќавање.
Откријте повеќе вести
Volkswagen Tayron ја имаше својата македонска премиера
Nullam id dolor id nibh ultricies vehicula ut id elit. Sed posuere consectetur est at lobortis. Praesent commodo cursus magna, vel scelerisque nisl consectetur et. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.
Промоција на целосно новиот CUPRA Terramar во Македонија
Скопје, 4 март 2025 – Денес, во CUPRA Garage Порше Македонија официјално го претстави најновиот модел на брендот – CUPRA Terramar, кој за првпат влегува на македонскиот пазар. Со оваа премиера, CUPRA ја продолжува својата експанзија и го засилува своето присуство во најбрзо растечкиот SUV сегмент во Европа, но и во Македонија.
Врвот на електричните перформанси: Првиот целосно електричен Porsche Road Tour во Македонија
Неспоредлива моќ, иновативност и возбуда. За прв пат во Македонија, Porsche Center Skopje и Порше Македонија го организираа возачка тура со најмоќните верзии на целосно електричниот Porsche Taycan.