Порше Скопје Новости

Добродојдовте во нашиот Porsche центар / Porsche сервисен центар. Се радуваме што можеме да ве поздравиме и онлајн

  1. Новости
  2. Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје
Новости Porsche

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Автомобилските ентузијасти и претставниците на медиумите беа дел од извонредна вечер организирана од Porsche Center Skopje и Порше Македонија, на официјалното претставување на новиот Porsche 911. Настанот ја прослави еволуцијата на иконата, спојувајќи ги луксузот, иновациите и емоциите во ноќ за паметење.

DSC_0439 Open Corner

На церемонијата на официјалното претставување беше презентирана најновата генерација на легендарниот Porsche 911, во Carrera 4 GTS изведба, отелотворувајќи совршен спој на безвременски дизајн и врвна технологија. Гостите беа почестени со ексклузивен прв поглед кон возилото со официјалното откривање, по што следуваше инспиративна презентација за компанијата и брендот од страна на генералниот директор на Порше Македонија и менаџерот на брендот Porsche.


Говорниците го истакнаа наследството на 911 како симбол за перформанси и софистицираност, притоа споделувајќи увид во неговите револуционерни карактеристики кои го креираат духот на извонредноста на Porsche.


„Porsche 911 не е само автомобил - тоа е изјава за страст, иновација и врвна изработка. Вечерва, воодушевени сме да им го претставиме најновото поглавје од ова трајно наследство на нашите лојални клиенти и ентузијасти на брендот Porsche во Македонија“, изјави г-дин Златко Муцунски – Генерален Директор на Порше Македонија.


„Новиот Porsche 911 го претставува врвот на автомобилскиот инженеринг и елеганција. Ја доловува суштината на она што значи да се вози Porsche - неспоредливи перформанси, дизајн и емоции. Возбудени сме да го споделиме ова неверојатно возило со Вас и да го доближиме искуството на Porsche до нашата заедница“ – изјави г-дин Винко Марашевиќ – Porsche Бренд Менаџер.


По свеченото претставување, атмосферата се префрли во вечер на забава, за која задолжен беше светски познатиот диџеј Махмут Орхан. Неговиот наелектризиран сет совршено ја надополни позитивната енергија на вечерта, создавајќи незаборавно искуство за сите присутни.


Настанот ја одразува посветеноста на Porsche да испорача не само исклучителни возила, туку и моменти кои остануваат во долго сеќавање.


DSC_0337
DSC_0408
DSC_0449

Пријава на newsletter

Со пријавување на нашиот newsletter редовно ќе добивате информации, новости и ексклузивни понуди од нашите брендови.

Линк за грешка за feedback на newsletter

Одберете ословување

Линк за грешка при регистрација за feedback на newsletter

Госпоѓа Госпоѓа
Господин Господин
Sie müssen bitte der Datenschutzerklärung zustimmen Sie müssen bitte der Datenschutzerklärung zustimmen

Ви благодариме

Линк за потврда feedback на newsletter

Линк за потврда за feedback на newsletter