Тука можете ги најдете актуелните новости
На македонскиот пазар пристигна освежената икона Octavia. Со повеќе од 7 милиони продадени единици, таа е убедливо најпродаваниот модел на марката. Нејзината четврта модерна генерација сега доби освежен изглед кој вклучува ревидирана решетка на Škoda и нови LED matrix светла од втората генерација.
Модернизираната Škoda Scala доби нов дизајн инспириран од концептот Vision RS. Како резултат на тоа, новиот автомобил изгледа поспортски, а голем број паметни детали се убаво изненадување.
Во салоните на ŠKODA во нашата земја пристигна новиот, освежен KAROQ. Иновативниот KAROQ носи голем број значајни подобрувања. Дизајнот, удобната и модерна внатрешност, одржливите материјали, новите технологии и еколошките мотори, како и врвните безбедносни асистенти и поврзувањето.
Дваесет и две години по првото деби на ŠKODA FABIA, импортерот за чешкиот бренд Порше Македонија официјално ја претстави четвртата генерација на популарното градско возило. Основано на модуларната платформа MQB-A0 на Volkswagen групацијата, новата FABIA е најпросторното возило во сегментот, и вклучува бројни функционалности, како и напредни системи за безбедност. Класичните бренд карактеристики на ŠKODA, како одличната вредност за пари, високото ниво на функционалност и бројните Simply Clever решенија, ја прават новата FABIA вистинска ŠKODA.