Тука можете ги најдете актуелните новости
Nullam id dolor id nibh ultricies vehicula ut id elit. Sed posuere consectetur est at lobortis. Praesent commodo cursus magna, vel scelerisque nisl consectetur et. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.
Скопје, 4 март 2025 – Денес, во CUPRA Garage Порше Македонија официјално го претстави најновиот модел на брендот – CUPRA Terramar, кој за првпат влегува на македонскиот пазар. Со оваа премиера, CUPRA ја продолжува својата експанзија и го засилува своето присуство во најбрзо растечкиот SUV сегмент во Европа, но и во Македонија.
Автомобилските ентузијасти и претставниците на медиумите беа дел од извонредна вечер организирана од Porsche Center Skopje и Порше Македонија, на официјалното претставување на новиот Porsche 911. Настанот ја прослави еволуцијата на иконата, спојувајќи ги луксузот, иновациите и емоциите во ноќ за паметење.
Неспоредлива моќ, иновативност и возбуда. За прв пат во Македонија, Porsche Center Skopje и Порше Македонија го организираа возачка тура со најмоќните верзии на целосно електричниот Porsche Taycan.
Првиот салон на CUPRA во Македонија свечено ги отвори своите врати за јавноста на 3 ноември 2024 година, овозможувајќи им на посетителите да го запознаат возбудливиот свет на брендот. Овој значаен настан, реализиран од Порше Македонија, привлече голем број посетители и медиуми, кои имаа уникатна можност да уживаат во првата блиска средба со CUPRA – бренд кој нуди моќ, динамика и врвно возачко искуство. CUPRA Отворениот Ден беше обележан со официјална презентација на брендот и тест возење на најновите модели CUPRA Leon и CUPRA Formentor како и на возила од брендовите SEAT, Volkswagen и Škoda.
Во огнената фузија на автомобилските иновации и природниот сјај, Порше Македонија, на денот на Планетата Земја, го претстави својот многу очекуван Porsche Taycan во зеленaта оаза на Ботаничката Градина во Скопје. Овој значаен настан означува потврда на посветеноста на Porsche кон одржливоста и напредната технологија.
Новата Porsche Panamera ја доби главната награда „Златно Тркало“ за Најпосакуван Автомобил во Македонија.
Новиот и целосно електричен седан на Volkswagen - ID.7 е Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија.
Oлицетворението на автомобилската извонредност – Новата Panamera, официјално претставена и на нашиот пазар, на престижен настан во Music Bar Intermezzo. Aвтомобилските ентузијасти и претставниците на медиуми, на вечерен настан имаа можност први да ја погледнат новата Panamera.
На македонскиот пазар пристигна освежената икона Octavia. Со повеќе од 7 милиони продадени единици, таа е убедливо најпродаваниот модел на марката. Нејзината четврта модерна генерација сега доби освежен изглед кој вклучува ревидирана решетка на Škoda и нови LED matrix светла од втората генерација.
Модернизираната Škoda Scala доби нов дизајн инспириран од концептот Vision RS. Како резултат на тоа, новиот автомобил изгледа поспортски, а голем број паметни детали се убаво изненадување.
Непогрешлив дизајн со нови деталиПредни и задни светла целосно прилагодливи благодарение на дигиталната технологија за осветлувањеКонцептот на променлива внатрешност нуди идеален простор за семејство